Наполи ќе се обиде да го ангажира Ромелу Лукаку, тврди новинарот Џанлука Ди Марцио. Идниот тренер, Антонио Конте веќе разговарал со Белгиецот за можното доаѓање на „Диего Армандо Марадона“.
Конте и Лукаку се познаваат многу добро од нивната заедничка работа во Интер. Идејата е тој да го замени Виктор Осимен во Наполи, кој речиси сигурно ќе биде продаден во Англија.
Во Неапол имаат и резервна опција доколку не се постигне договор за Лукаку. Станува збор за Артјом Довбик од Џирона. Украинскиот интернационалец минатата сезона постигна 24 гола и стана најдобар стрелец во Ла Лига.
Лукаку имаше добра кампања со Рома, каде играше како позајмен од Челзи. Белгиецот постигна 13 гола во Серија А, додавајќи и 3 асистенции.
Се очекува Конте да има на располагање околу 230 милиони евра за нови засилувања.