Новиот бр.1 на АТП листата го “збриша“ Димитров е се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос!

265

Јаник Синер попладнево има причина за двојна радост. Првата е дека по повлекувањето на Новак Ѓоковиќ, сега Италијанецот од понеделник ќе биде бр.1 на АТП листата, а втората е дека успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос.

Па така сега најдобриот тенисер во светот, според АТП, просто го “збртиша“ Григор Димитров од Бугарија со 3:0 во сетови и со тоа го продолжи атакот кон титулата на овој гренслем.

Синер првиот сет го доби со 6:2, во вториот беше 6:4 а во третиот во тај-брејкот, беше 7:3 за Италијанецот за конечни 3:0.

Инаку Синер е првиот Италијанец во историјата на тенисот, кој од понеделник ќе биде бр.1 на АТП листата.

ПретходноШокантно: Новак се повлече од Ролан Гарос!
СледноУжасни прогнози: Новак ќе ги пропушти Вимблдон и ОИ во Париз?!