Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на менискусот на коленото, а веднаш по оваа информација дојде дополнителна загриженост, бидејќи наскоро следуваат Вимблдон и Олимписките игри.
Самиот Ноле со објава на Инстаграм потврди дека се работи за скинат менискус на десното колено, повреда која ќе го оддалечи од терените извесно време.
Како што неофицијално дознава спрски „Телеграф“, Новак веднаш по добивањето на информациите и деталните резултати од магнетната резонанца започнал со нова мисија – итна операција за може да заздрави за олимпискиот турнир.
Сега веќе почнува трката со времето, за да се опорави пред почетокот на Олимписките игри во Париз. Сосема е сигурно дека следен чекор ќе биде операцијата на менискусот, веројатно во некоја странска клиника, по што ќе се обиде до 27 јули да се врати на нозе и да може да с епојави во Париз.