Паладино е нов тренер на Фиорентина. Клубот од Фиренца конечно се одлучи за наследникот на Винченцо Италијано. Рафаеле Паладино, кој претходно беше на чело на Монца, од денеска седнува на клупата на „виолетовите“.
Фиорентина потпиша договор со 40-годишниот италијански стручњак до крајот на јуни 2026 година. Договорот вклучува опција за продолжување на уште една година. Претходниот клуб на Паладино беше Монца, која ја презеде во септември 2022 година. Под негово водство тимот одигра 73 натпревари. Во сезоната 2023/24, Монца заврши дванаесетта во Серија А.
Иднината на поранешниот тренер на Фиорентина, Винченцо Италијано во моментов е неизвесна, но има информации дека тој би можел да го наследи Тиаго Мота во Болоња.