Од денеска и официјално Силекс е посилен за Илија Донов (22), па така после потписот со Дарјко Додев, младиот дефанзивец кој минатата пролет играше за Брегалница, е второто ново име во лето во кратовскиот прволигаш.
Инаку Донов пред да биде член на Брегалница, го носеше дресот на Брера Струмица, Саса и неговиот матичен клуб Вардар Неготино.
Од Силекс велат дека ангажманот на Додев и Донов е само почеток, дека овој клуб има намера во следната сезона да влезе осетно засилен и да ги нападне оние места кои водат во Европа.