И официјално во следната сезона во дресот на Тиквеш нема да ги гледаме напаѓачот Зоран Даноски, Летонецот Артјомс Пузиревскис и дефанзивецот Даниел Карчески. Инаку познато е дека од Тиквеш си заминаа и Бразилецот Луан Силва и голманот од Словенија, Ариан Ренер.
Засега тие се заминувањата, а од друга страна кавадарчани се засилија со неколку нови имиња, а во план се и двајца интернационалци од Бразил. Покрај нив се преговара со уште неколку искусни и квалитетни прволигашки имиња, па така ако се биде како што треба тогаш јасно е дека Тиквеш би требало да има позвучен тим од оној со кој дојде до 4.место во ПМФЛ и го освои Купот на Македонија.