Фернандо Јеро му е нов директор на Роналдо во Ал Наср

142

Легендата на Реал (М), Фернандо Јеро и официјално е назначен за нов спортски директор на саудискиот клуб, Ал Наср. На овој начин Јеро завршува во тимот каде како капитен е Кристијано Роналдо.

И двајцата одржуваат добри односи од времето кога Јеро му беше помошник на Карло Анчелоти во Реал (М), во првата фаза на италијанскиот тренер во редовите на „кралевите“.

Фернандо Јеро слета во Ал Наср откако ја заврши епизодата во Мексико, каде што беше спортски директор на Чивас де Гвадалахара. Според саудиски извори, поранешниот шпански селектор и поранешен играч на Реал Мадрид, ќе го има четвртото искуство како спортски директор откако ја извршуваше таа функција во шпанската репрезентација, Чивас и Малага.

ПретходноТриумф во Кишињев: Македонија со втора победа во квалификациите за ЕП
СледноЛудница: Еве како во Венеција се славеше враќањето во Серија А! (ВИДЕО)