Шампионот преговара со Такахара од Гостивар!

1086

По една година мината во Гостивар, каде се покажа во извонредно светло, Јапонецот Масааки Такахара би можел да се пресели во таборот на Струга ТЛ. Шампионот преговара со офанзивецот и ако се биде како што треба тогаш новиот стратег на стружани, Ќатип Османи ќе има големо засилување во нападот за евронастапите.

Инаку Такахара како играч на Гостивар се запиша во историјата на ПМФЛ како прв играч од Јапонија кој бил стрелец во нашата елитна лига. Такахара во минтата сезона одигра 26 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.

Тој може да игра во офанзивата, но и како офанзивен играч за врска.

ПретходноСмилковски го скрати списокот за Евробаскетот
СледноГезтепе дојде по Серафимов а Милевски го остави на клупата!