Ѓоковиќ би можел да се предаде: Не знам дали ќе се појавам во 1/4 финалето!

1156
Фото: Ролан Гарос/Твитер

Новак Ѓоковиќ со многу мака го совлада Аргентинецот Франциско Серундоло. По четири и пол часа борба победи со 3:2 во сетови, иако се мирисаше на пораз и елиминација од турнирот.

Следен ривал на светскиот рекет број еден е Норвежанецот Каспер Руд. Сепак, прашање е дали Ноле ќе се појави на теренот бидејќи има проблеми со коленото.

Во вториот сет од мечот против Серундоло, тој се лизна, потоа доби лекарска помош и некако успеа да победи.

„Имам проблеми со коленото неколку недели, но тоа не беше ништо посебно. Се лизнав во вториот сет и почувствував болка. Пиев таблети против болки и тие почнаа да работат на крајот од четвртиот сет“, истакна Новак, а потоа откри како не е сигурен дека ќе игра во четврт-финалето.

„Не знам дали ќе играм во четвртфиналето, ќе видиме што ќе се случи“, изјави српскиот тенисер.

ПретходноМомент кој сите го чекаа: Роналдо му испрати порака на Мбапе
СледноОд сјај до очај и назад, голем пресврт на Александар Зверев!