Јувентус го носи најдобриот голман во Серија А

405
Фото: Серија А/Твитер

Јувентус наскоро ќе го објави потписот со голманот Микеле Ди Грегорио. Тој пристигнува од Монца, а Јувентус треба да му плати околу 20 милиони евра.

Станува збор за голман кој сезонава имаше 14 чисти мрежи во Серија А и прими 35 гола на 33 натпревари. Серија А на крајот од сезоната го прогласи за најдобар голман на првенството, но тоа не му донесе покана на селекторот Лучијано Спалети за Европското првенство.

Во Јувентус за позицијата ќе се бори со Шчесни и Перина. Јувентус и Монца допрва треба да се договорат за формулата за трансфер. Постои можност Јувентус да го доведе на позајмица со задолжителен откуп. Ди Грегорио е дете на Интер.

ПретходноСилекс потпиша со Илија Донов!
СледноСловенија носи играч на Далас поради Дончиќ