Јувентус го договори трансферот на Даглас Луиз ова лето, пишува весникот „Газета дело Спорт“. Тимот ги договорил деталите со играчот од средниот ред и почнува конкрентни преговори со Астон Вила.
Како дел од англискиот клуб Даглас Луиз настапува од 2019 година. Пред евентуалното доаѓање на главниот тренер Тиаго Мота во Јувентус, раководството сака да го засили тимот.
Оваа сезона 26-годишниот фудбалер одигра 53 натпревари, постигна 10 гола и реализираше уште 9 асистенции.