Лапорта: Флик е доведен да направи физички подготвен тим, а не како сега да паѓаме во 60. минута

2504

Во интервју за клупската телевизоија, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта објасни што се бара од новиот тренер на Барселона, Ханси Флик.

„Го донесовме Флик за да победува. Бараме од него да направи поподготвен тим на теренот. Тој ќе може да обезбеди добар физички тренинг. Без да го жртвуваме стилот и да обезбедиме подобра кондиција за да можеме да играме со два допири и брзо да ја вратиме топката. Реков дека поразите ќе имаат последици и тоа се случи. Видовме дека по 60. минута нивото на играта на тимот падна, натпреварите завршуваа поинаку од претходно. Ова се случи на два натпревари против Реал Мадрид, кој на крајот успеа да победи. Не сакам да кажам дека тимот не беше подготвен, но секогаш има нешто да се подобри и Флик ќе ја подобри нивната физичка подготвеност. За да го направи ова, тој ќе се прилагоди на структурата на клубот. Тренерот ќе дојде и ќе развие план“, изјави претседателот на Барселона.

ПретходноБостон со Порзингис на првиот финален меч со Далас
СледноНоле сака што побргу на операција, за да стигне да се опорави за ЛОИ во Париз