Како што информираат попладнево од редовите на Е.Пелистер, шампионот се засили со Кајо Цикатиќ (23), ракометар од Хрватска. Станува збор за кружен напаѓач, висок 197 см. Цикатиќ во Битола доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.
Цикатиќ е роден во Дубровник, беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници.
Неговото претставување е предвидено на крајот на јули во Битола, со почетокот на подготвките за сезоната 2024/25. Договорот е потпишан на две години.