Александер Трумчи (23) е првото летно засилување во таборот на Шкендија. Станува збор за дефанзивец од Албанија а последен клуб му бил Билис Бјалш. Претходно играл за Скадар и за тимот на Велечику.
Инаку од Шкендија попладнево објавија дека официјално се разделуваат со Башкими Велија, а познато е дека тетовци нема да ги продолжат договорите со Бруно Дита и Ералдо Чинари.
Да потсетиме дека составот на Јетон Беќири минатата сезона ја заврши како втор и ова лето ќе игра во квалификациите во Лигата на Конференции.