Најдобрите репрезентации на стариот континент се подготвуваат за Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни. Хрватска по победата над Македонија од 3-0, ќе гостува во Лисабон каде на последниот тест пред Европското првенство ќе ги одмерат силите против домаќинот Португалија.
Во Германија, Кристијано Роналдо (39) ќе стане првиот играч во историјата кој настапил на шест европски првенства, а веднаш зад него е капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, кој се појавил во пет различни ЕП. Не е сигурно дали Роналдо ќе биде во тимот за натпреварот против Хрватска, бидејќи доби кратка пауза по сезоната пред да се приклучи на Португалија. Доколку настапи во сабота ќе постави нов светски рекорд.
Доколку Роналдо игра во сабота, тоа ќе биде негов 1226. натпревар на највисоко ниво во кариерата. Никој во историјата на фудбалот нема одиграно толку натпревари на највисоко ниво кое вклучува фудбал во Премиер-лигата, национални купови, меѓународни клупски натпреварувања и репрезентативни натпревари. Роналдо моментално го дели рекордот со бразилскиот голман Рожерио Сени, кој ја заврши кариерата во 2015 година.
Роналдо веќе го држи рекордот по бројот на настапи за која било репрезентација. За Португалија одигра 206 натпревари и е единствениот играч во историјата со повеќе од 200 натпревари за националниот тим. Неговата професионална кариера започна во 2002 година и тој сè уште нема намера да застане и уште повеќе ќе ги подобри своите рекорди.