Лапорта за отказот на Чави: Откако почна да зборува ситуацијата во клубот, немаше смисла да продолжиме

631

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта цо интервјуто за клупската телевизија ја објасни ситуацијата со отказот на Чави.

„Едно време, ситуацијата не принуди да продолжиме со соработката. Чави е легенда и неговиот ентузијазам не наведе да го потврдиме како главен тренер. Но, од моментот кога тој изјави дека Барселона е во полоша економска ситуација од Реал Мадрид и другите европски тимови, кога значително ги промени своите барања, спортската управа повеќе не веруваше дека е добро да продолжи да работи заедно. Добив чувство дека на тимот му треба нов импулс. Одборот на директори има право да донесува такви одлуки или да ги менува, како што тоа го направи самиот Чави. Ја преземам одговорноста за оваа одлука врз себе. Како и за сите други одлуки што ги донесовме заедно со мојот тим. Го зедовме предвид и мислењето на спортската управа. Бидејќи имавме опција со Флик, ја донесовме оваа одлука. Видовме дека тој знае повеќе за тимот отколку што мислевме и тоа ни даде самодоверба“, рече Лапорта.

ПретходноЧелзи почнал преговори со Шешко и Олисе
СледноФиладелфија со нов договор за Ембид вреден скоро 200 милиони долари