Мароканскиот напаѓач Абдеразак Хамдала (33) ќе мора да си замине од Ал-Итихад само поради Карим Бензема.
Иако минатата сезона покажа многу повеќе од францускиот фудбалер, мароканскиот напаѓач најверојатно ќе мора да го напушти клубот поради лошите односи со француската ѕвезда. Во тимот не гледаат дека ова дуо може да функционира заедно. Затоа решија да му ослободат простор на Бензема и ќе се ослободат од човекот кој им донесе огромен број бодови.
„Се очекува Абдеразак Хамдала да го напушти Ал-Итихад. Раководството на клубот заклучи дека ќе биде многу тешко тој и Карим Бензема да останат заедно во клубот следната сезона“, пишуваат арапските медиуми.
Интересно е што од доаѓањето на Бензема во Ал-Итихад, клубот поради него го напушти тренерот Еспирито Санто, а сега на пат да си оди е и Марсел Гаљардо.