Темов и Крстеска нови државни јуниорски шампиони во тенис

224

Во периодот од 1-4 јуни во Тениска Академија Аеродром, се одржа Државното Првенство на Македонија за јуниори/јуниорки до 12 години.

Во категорија јуниори во финалето Андреј Темов (МТП) беше подобар од Василиј Закоски (ТК ЈУГ) со резултат 61, 62. Во категорија јуниорки Деа Крстеска (ТК Битола) беше подобра од Јована Атанасовска (ТК ЈУГ) со резултат 61, 64.

Во конкуренција двојки кај јуниорите победници се Андреј Темов и Василиј Закоски кои во финалето беа подобри од Ќазим Тан и Алексеј Спировски (двајцата од ТК ЈУГ) со резултат 60, 61. Кај јуниорките во двојки Маја Џајкоска и Ана Спасеска (и двете од ТК Адвантико) беа подобри од Ведрана Танеска (ТК Охрид) и Марија Попоска (Чери Спорт) со резултат 61, 75.

ПретходноФиладелфија со нов договор за Ембид вреден скоро 200 милиони долари
СледноБенфика одбила 60 милиони евра од Манчестер Ј. за Жоао Невеш