Бесарт Ибраими уште една година во Струга ТЛ: “Не се напушта така лесно шампионот“!

387

Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ со 202 голови, најдобриот фудбалер на Струга ТЛ во изминатите две сезони во кои стружани ги освоија титулите, најмалку уште една година ќе игра за шампионот.

Да постсетиме, него овој јуни му истече договорот со стружани, имаше неколку понуди од други клубови, но сепак тој одлучи да ја прифати понудата на досегашниот негов клуб и да потпише договор на една година:

Да, точно е тоа дека и во наредната сезона ќе го носам дресот на Струга ТЛ. Видете, не се напушта така лесно шампионот. Имам големи мотиви да одигра добро и ова лето во Европа, квалификациите во ЛШ се голем предизвик. Посакувам таа бројка од 202 гола во ПМФЛ да ја зголема. Едноставно мотивиран сум за уште една добра сезона во дресот на шампионот“ изјави Бесарт Ибраими за “СпортСпорт“.

ПретходноЈашароски си замина од Воска
СледноЧелзи се засили со централен бек од Фулам