Димитријевиќ веројатно го одигра последниот меч за Уникс, ЦСКА Москва е шампион на ВТБ лигата!

195

Ненад Димитријевиќ не успеа по вторпат во низа да биде првак во ВТБ лигата со својот Уникс. Имено вечерва во финалната серија, ЦСКА Москва среде Казан, во петтиот меч успеа да победи со 55:66 и со тоа да ја заврши серијата со триумф од 4:1 со што некогашниот тим на нашиот стратег Емил Рајковиќ успеа да дојде до тронот. Ова е единаесетта титула за “Армејците“ во историјата на ВТБ лигата. Македонецот на оваа средба забележа 9 поени.

Инаку вечерва нашиот најдобар кошаркар веројатно го одигра последниот свој меч за Уникс. Имено според медиумите во Италија, Нено веќе има договор со Олимпија Милано и со тоа следната сезона ќе игра и во Евролигата.

ПретходноМанчестер Сити ќе ја тужи Премиер лигата
СледноПријателски: Халанд со хет-трик ја “скина“ мрежата на Косово, Данска – Шведска 2:1…