И дефинитивно, барем така кажа селекторот Јулиан Нагелсман, бр.1 на голманската позиција во репрезентацијата на Германија на претстојното ЕУРО 2024, ќе биде Мануел Ноер.
Тоа значи дека еден од најдобрите голмани во светот и ѕвездата на Барселона, Марк Андре тер Штеген ќе биде резерва.
“Секако дека ситуацијата за мене не е баш најдобра, не сун задоволен, но јас имам одговорност кон тимот и секако дека ја прифаќам одлуката на селекторот. Му кажав и на селекторот дека има разлика меѓу спортот и човечноста“ изјави голманот на Барселона.