Екс-вардарецот Циндриќ пред преселба во Веспрем?

307

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем плати 200.000 евра за да го донесе на клупата легендарниот тренер Чави Пасквал од Динамо Букурешт, а сега тргнува по еден од најдобрите средни бекови, Хрватот Лука Циндриќ.

Како што пишуваат хрватските медиуми, унгарскиот гигант тргнува во нов обид да го освои трофејот во Лигата на шампионите, откако оваа сезона доживеа комплетно разочарување со елиминацијата во четвртфиналето.

Лука Циндриќ (30) е опција за унгарскиот шампион, но преговорите допрва треба да се одржат. Циндриќ беше желба на Веспрем и минатото лето, кога ја напушти Барселона, но Циндриќ замина во Романија кај Динамо токму поради Пасквал, па сега би можел заедно со него да се пресели во Унгарија.

ПретходноБенфика одбила 60 милиони евра од Манчестер Ј. за Жоао Невеш
СледноУ21: По победата кај Полска, младите денеска ја напаѓаат и БиХ