Сега и официјално. Антонио Конте е именуван за нов тренер на Наполи. Преговорите кои траеа недела и половина успешно се завршени, а Конте потпиша тригодишен договор вреден 6 милиони евра по сезона плус бонуси поврзани со резултатите на тимот, вклучувајќи и пласман во ЛШ и „Скудето“.
Тој во Наполи ги донесе и помошниците Кристијан Стелини, Костантино Корати, Стефано Бруно како и својот брат Џанлука Конте.
„Наполи е многу важен клуб, како во Италија и пошироко. Среќен сум што ќе го предводам овој тим“, изјави Конте.
Наполи кој беше шампион во 2022/23 ја имаше една од најлошите сезони во ерата на Де Лаурентис.
„Можам да ветам дека јас и моите помошници ќе работиме посветено и напорно да го вратиме оој клуб тау каде што му е местото“, додаде Италијанецот.
Конте претходно беше шампион на Италија со Јувентус (три пати) и со Интер (еднаш) и со Челзи во Премиер лигата (еднаш).