И официјално од денеска Раде Стојановиќ, актуелниот селектор на нашата младинска ракометна селекција, е нов тренер на Тримо Требње, тим од Словенија. Тој денеска беше претставен од страна на клубот откако потпиша договор со Тримо Требње.
Интересно е тоа што некогаш, за време на својата играчка кариера, Стојановиќ беше дел од овој клуб, па така сега се враќа како тренер.