Почна продажбата на билети за СП 2025: Дневна карта за Македонија 50 евра!

348

Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) во координација со другите два организатори на СП 2025 и со Светската ракометна федерација денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварите од Светското првенство што ќе се играат во Вараждин, Пореч и групата од „Д“ од Загреб во која не игра Хрватска.

Цените на влезните билети, дневна карта што важи за двата натпревари изнесуваат 50 и 70 евра. Овие цени се однесуваат само за натпреварите од Прелиминарната рунда во која Македонија ќе игра со Унгарија (15 јануари), Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).

Билети можат да се набават преку веб страната ULAZNICE.HR.

Според правилата на продажба, едно лице може да купи само четири билети при што ќе треба да остави и лични податоци.

ПретходноИталија со Галинари ќе брка виза за настап на ЛОИ во Париз
СледноТотенхем го потврди заминувањето на четворица фудбалери