Тотенхем утрово со официјално соопштени потврди дека Ерик Даер, Иван Перишиќ, Рајан Сесењон и Џафет Танганга си заминуваат ова лето. Договорите на четворицата фудбалери на Спарс завршуваат овој месец.
„Со Ерик и со Иван се зборувавме во јануари кога тие отидоа на позајмицаво нивните нови клубови. Ерик му се приклучи на Баерн Минхен, додека Иван се врати во Хајдук Сплит. По завршувањето на сезоната 2023/24, сега се збогуваме и со Рајан и Џафет“, објави Тотенхем.
Засега останува неизвесно каде ќе завршат со активни договори сите четворица.