Како што известуваат медииумите во Турција, капитенот на нашата репрезентација Енис Барди би можел ова лето да се пресели во Серија А, поточно во Торино.
Турски „Сабах“ известува дека за нашиот фудбалер клубот од Торино се интересирал вече извесно време, а треба да се каже дека уште за време додека Барди играше за Леванте во неколку наврати тој беше посочуван како можно засилување за “биковите“ од Торино.
Инаку во последно време Барди играше во супер форма во Трабзонспор, постојано беше стартер, стрелец на убави голови и еден од клучните играчи на тимот.