У-21: Македонија во пријателски меч поразена од БиХ!

271

Попладнево во Коњиц, нашата млада фудбалска селекција до 21.година во пријателски натпревар доживеа пораз од домашната репрезентација на БиХ со 2:1.

Домашните головите ги постигнаа во 10. минута преку Јагањац и 72.минута преку Бистриќ, додека нашите надежи во 90+2.минута со убавиот гол на Адеми го ублажија поразот. Инаку ова беше убава контрола за сите во нашиот табор, посебно за селекторот Драган Канатларовски да се има увид во моменталните можности на оние играчи кои досега немаа којзнае каква минутажа во националниот тим.

Со ова заврши јунскиот циклус на пријателски средби на У-21 селекцијата на Македонија, со победа над Полска и со пораз од БиХ.

Инаку нашата репрезентација оваа пријателска средба ја започна со следниот стартен состав:

Тасев, Серафимов, Џеков, Деспотовски, Рамани, Златков, Ѓорѓиевски, Крстевски, Чилафи, Игњатов, Трпчевски. Во текот на мечот селекторот Канатларовски им даде шанса и на уште неколкумина играчи.

Овој состав и тоа како се разликува од оној во Радом, кога исто така во пријателски меч, У-21 на Македонија ја победи Полска со 2:1.

ПретходноСпалети по ремито со Турција: Италија мора да подобри две работи
СледноКочоски беше во трка со времето, но настапи во Серес и освои ново прво место во БМУ!