Денеска со почеток во 17 часот во градот Коњиќ, младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година ќе одигра пријателски меч со соодветната репрезентација на Босна и Херцеговина. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во овој јунски циклус веќе имаа одлично гостување во Полска каде пред неколку дена остварија победа од 2:1.
Попладнево Босанците ќе бидат уште еден добар тест за оваа генерација, која во септември и октомври треба да го комплетира циклусот квалификации за ЕП 2025 со уште четири натпревари во групната фаза.
На денешниот дуел во Коњиќ, Канатларовски нема да смета на Иван Николов кој доби поштеда.
Инаку против селекцијата на БиХ во оваа возрасна категорија досега имаме три контролни дуели на кои имаме две победи и еден пораз.