Филаделфија со нов договор за Ембид вреден скоро 200 милиони долари

104

НБА тимот Филаделфија би можел да потпише нов договор со својата најголема ѕвезда Џоел Ембид ова лето. Прозорецот за продолжување на договорот на Ембид ќе се отвори на 18 јули.

Филаделфија ќе има опција да преговара за продолжување на договорот на својот најдобар играч за период од три години во вредност од 193,5 милиони долари. 106,6 милиони долари Ембид ќе ги заработи во следните две сезони.

Без продолжување, Ембид ќе има опција да остане и во сезоната 2026/27 за сума од 59 милиони долари.

ПретходноЛапорта за отказот на Чави: Откако почна да зборува ситуацијата во клубот, немаше смисла да продолжиме
СледноТемов и Крстеска нови државни јуниорски шампиони во тенис