Откако прво беше прекинато, а потоа дадено налог да се испразни Арената за да вториот меч од финалето од плеј-офот во шампионатот на Србија меѓу Партизан и Ц. Звезда се доигра, ништо од тоа. Фановите на Партизан ни по која цена не сакаа да ја напуштат Арената, а и кошаркарите не сакаа да играат без своите фанови.
Па така одлучено е мечот да се доигра утре, меч кој беше прекинат при резултат 57:45 во третата четвртина.
Инаку се повторува приказната кога играат овие два тима, како да не може без проблеми, со скандирања и фрлање предмети по противничките играчи.
Gotovo je! Večiti derbi je prekinut i neće se nastaviti danas.
Kada će utakmica biti odigrana, saznaćemo uskoro. Prema prvim informacijama, trebalo bi da to bude sutra.#sportske #kkp #kkcz pic.twitter.com/SNViVQkDJQ
— Sportske.net (@sportske) June 5, 2024