Циркус за сите пари: Ц. Звезда се врати на паркетот и ќе биде шампион?! (ВИДЕО)

1049

Ете, и тоа го има во Србија. Каков потег на Ц. Звезда, навистина несекојдневен, да не кажеме некој погруб збор. На каков начин дојде до титулата, веројатно. Ова некој добро го смислил.

Имено откако кошаркарите на Ц. Звезда се повлекоа во соблекувалните, требаше Арената да биде испразнета со фановите на Партизан. Тоа домашните не го сакаа и беше најавено дека утре ќе се доигра ова финале.

Сите од Партизан си заминаа, а потоа тотален пресврт. На паркетот се појавија кошаркарите на Ц. Звезда, тука беа судиите и се чекаше продолжување на натпреварот, но домашните ги немаше и така “црвено – белите“ ќе ја добијат оваа средба службено и ќе бидат шампиони на Србија.

Неверојатно, ова го има само во Србија.

ПретходноЌато прозиваше, шампионот ги стартуваше подготовките! (ФОТО)
СледноПријателски: Мбапе и компанија убедливи против Луксембург, Шпанија ја “торпедира“ Андора! (ВИДЕО)