Голем број медиуми уште синоќа ја пренесоа информацијата дека англиски Челзи ги отворил преговорите со фудбалерот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко (21) и Мајкл Олисе (22) од Кристал Палас. Овие две имиња се приоритетни трансфер цели за нападот на „сините“.
И покрај големите инвестиции во навалната линија минатото лето, Челзи, сега под водство на Енцо Мареска, бара да додаде дополнителни регрути во претстојниот преоден рок. „Сините“ не успеаја во обидот да го донесат Олисе од Кристал Палас минатото лето, па сега повторно ќе се зафатат со можниот ангажман на репрезентативецот на Франција.