Челзи се засили со централен бек од Фулам

120

Тосин Адарабиојо е првото летно засилување за Челзи. Се работи за нигериски репрезентативец кој доаѓа како слободен фудбалер бидејќи му истече договорот со Фулам.
Тој беше цел на Њукасл, но фудбалерот го одбрал Челзи.
Адарабиојо е дете на Манчестер Сити меѓутоа ниту еднаш не заиграл за сениорите. Тој беше позајмуван по една сезона во ВБА и во Блекбурн, а во 2020 година отиде во Фулам. Тој е младински репрезентативец на Англија, а има потекло од Нигерија.
Инаку, Челзи објави дека Енцо Мареска е новиот тренер, а тој во Челзи ќе работи со „своите“ играчи од младинскиот тим на Сити, Адарабиојо, Ромео Лавија и Кол Палмер.

ПретходноБесарт Ибраими уште една година во Струга ТЛ: “Не се напушта така лесно шампионот“!
СледноКонсеисао си замина, Порто веднаш именува нов тренер