Јашароски си замина од Воска

1622

Воска Спорт и напаѓачот Ален Јашароски ја прекинаа соработката. Фудбалерот е слободен да си побара нов клуб.
Повеќе не сум дел од ФК Воскa. За време додека бев дел од клубот, секогаш се трудев со својата совест да го дадам најдоброто од себе, па затоа сакам да им се заблагодарам на претседателот, раковоство на клубот, техничкиот персонал и сите играчи, како и на подржувачите на клуб. На Воска и посакувам се најдобро во иднина“, напиша Јашароски на социјалните мрежи.
Инаку тој дојде во Воска од редовите на Скопје, претходно играше за Ренова, Македонија ЃП, Шкупи, Еуромилк, Турново и во Приштина.

Воска и идната сезона ќе игра во најсилната македонска фудбалска лига, а оваа сезона, во дебитантскиот настап, играше финале на Купот.

Претходно„Раскинаа“ Чинари и Шкендија
СледноБесарт Ибраими уште една година во Струга ТЛ: “Не се напушта така лесно шампионот“!