Уште една одлична партија на младинците на Брера Струмица и убедлива победа со 3:1 над Железничар на турнирот “Купот на Пријателство“ кое се одржува на Златибор (Србија).
Па така со две победи ја завршија групната фаза и се пласираа во 1/4 финалето. Живко Крстев и Каменчо Андоновски беа стрелци на трите гола за струмичани и веќе го свртеа вниманието на сите фудбалски работници и екипи на турнирот со двете победи.
Составот кој го предводи Стојчев, Алаѓозовски и Апостолов покажаа максимална посветеност на теренот и покрај заморот по вчерашниот дуел против Партизан.
Железничар го отвори резултатот во 17 минута преку Алагич. Три минути подоцна Живко Крстев израмни и ја удвои предноста за Брера а во финишот Андоновски од пенал го стави конечниот резултат за пласман.
Се чека расплетот од групата Д по што ќе се знае противникот во четвртфиналето а таму сите конкурираат за второто место како Осијек, Будуќност и Сараево.