Реал Мадрид на својата официјална веб-страница го претстави новиот домашен дрес кој фудбалерите ќе го носат во сезоната 2024/2025.
„Дресот овој пат е изработен во минималистички дизајн, каде белата боја е надополнета со препознатливиот шаблон houndstooth со иницијали RM. Комплетот содржи црни детали како спонзорот, логото на Адидас, лепенки за рамениците и V-вратот. Дресот, кој е инспириран од ДНК на Реал Мадрид, е направен од најсовремени материјали и има технологија HEAT.RDY, која го регулира протокот на воздух за да ги одржува играчите свежи за време на натпреварите“, се вели во соопштението на шпанскиот клуб.
👑 Donde nacen las leyendas. 👑
⚪ Ya está aquí la nueva primera equipación Real Madrid 24/25.
👉 @adidasfootball pic.twitter.com/YnptMF2rqf— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 5, 2024