Вечерва се одиграа уште три пријателски средби ширум Европа во пресрет на ЕУРО 2024. Прво Белгија со 2:0 славеше против Црна Гора и тоа со головите на Де Брујне и Тросар, а потоа Франција беше убедлива, не толку резултатски со 3:0, туку пред се играчки против Луксембург.
Килијан Мбапе асистираше, а беше стрелец и на еден гол за својата селекција. Коло Муани и Клаус стрелаа по асистенциите на новиот член на Реал Мадрид, а во 85.минута Мбапе со гол за 3:0 стави точка на овој меч.
Шпанија против Андора беше уште поубедлива и победи со 5:0. Стрелци на головите беа Ојарзабал со хет-трик, потоа Перес и Торес.