Турците најавуваат: Енис Барди пред трансфер во Торино?!

446

Како што известуваат медииумите во Турција, капитенот на нашата репрезентација Енис Барди би можел ова лето да се пресели во Серија А, поточно во Торино.

Турски „Сабах“ известува дека за нашиот фудбалер клубот од Торино се интересирал вече извесно време, а треба да се каже дека уште за време додека Барди играше за Леванте во неколку наврати тој беше посочуван како можно засилување за “биковите“ од Торино.

Инаку во последно време Барди играше во супер форма во Трабзонспор, постојано беше стартер, стрелец на убави голови и еден од клучните играчи на тимот.

ПретходноОфицијално: Раде Стојановиќ на клупата на Тримо Требње!
СледноХаос во Белград: Вечното дерби ќе се доигра утре! (ВИДЕО)