НБА тимот Филаделфија би можел да потпише нов договор со својата најголема ѕвезда Џоел Ембид ова лето. Прозорецот за продолжување на договорот на Ембид ќе се отвори на 18 јули.
Филаделфија ќе има опција да преговара за продолжување на договорот на својот најдобар играч за период од три години во вредност од 193,5 милиони долари. 106,6 милиони долари Ембид ќе ги заработи во следните две сезони.
Без продолжување, Ембид ќе има опција да остане и во сезоната 2026/27 за сума од 59 милиони долари.