Челзи почнал преговори со Шешко и Олисе

481

Голем број медиуми уште синоќа ја пренесоа информацијата дека англиски Челзи ги отворил преговорите со фудбалерот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко (21) и Мајкл Олисе (22) од Кристал Палас. Овие две имиња се приоритетни трансфер цели за нападот на „сините“.

И покрај големите инвестиции во навалната линија минатото лето, Челзи, сега под водство на Енцо Мареска, бара да додаде дополнителни регрути во претстојниот преоден рок. „Сините“ не успеаја во обидот да го донесат Олисе од Кристал Палас минатото лето, па сега повторно ќе се зафатат со можниот ангажман на репрезентативецот на Франција.

ПретходноЈуве пред договор со Бразилецот од Вест Хем
СледноЛапорта за отказот на Чави: Откако почна да зборува ситуацијата во клубот, немаше смисла да продолжиме