На денешниот состанок на клубовите во англиската Премиер лига одлучено е ВАР да остане во функција на натпреварите во Англија. Вулверхемптон се спротиставуваше на идејата за ВАР поради тоа што смета дека бил оштетен во неколку ситуации па не гледа причина зошто тој да продолжи да постои и понатаму.
Но на денешниот состанок 19 од 20-те клубови гласале да се задржи ВАР системот.
Инаку, ВАР системот во Премиер лигата се користи од 2019 година. Минатата сезона Шведска беше првата држава која се откажа од имплементирање на ВАР.










