Игор Тудор не е повеќе тренер на Лацио. Ова е очекуван епилог откако хрватскиот тренер се скара со дел од првотимците, по што одлучи да си замине. Првиот човек Клаудио Лотито го назначи Тудор во март кога Маурицио Сари поднесе оставка, а Хрватот не се задржа долго.
„Тудор сакаше да промени дури осум фудбалери. Тоа се премногу. Не му дозволивме. Тој си замина, обострано се договоривме да ја прекинеме соработката. Наскоро ќе биде познат новиот тренер“, изјави Лотито.
А со Лацио се поврзува Серџо Консеисао, португалскиот тренер кој пред неколку дена го напушти Порто. Исто така се споменува и Марко Барони, екс-тренер на Реџина, Верона, Лече, Беневенто, Новара, Пескара и уште неколку италијански клубови.
Лацио заврши на седмото место во Серија А, а беа елиминирани од ЛШ во осминафиналето од Баерн.










