На скоро една недена до почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија, повеќе од четвртина од Германците не се воопшто заинтересирани за овој настан. Ова го покажаа резултатите од спроведеното истражување на Националната телевизија АРД.
Ккао што објавија од националниот сервис, дури 27 отсто од жителите на Германија не покажуваат интерес за Евро 2024. 43% во анкетата рекле дека се многу заинтересирани на порвенството, додека 28% рекле дека имаат слаб интерес за настанот кој треба да биде во фокусот на спортска Европа.
Првенството на стариот континтинет стартува следниот петок (14 јуни) и ќе трае до 14 јули. Германија ќе го одигра првиот меч на шампионатот против Шкотска на „Алијанц Арената“ во Минхен.