Познати термините за евро-квалификациите: Грците ги чекаме во „Јане Сандански“

350

Македонската одбојкарска репрезентација веќе ги дозна и точните термини во кои ќе ги одигра првите два квалификациски меча за пласман на следното европско првенство 2025 година. Во августовскиот квалификациски циклус, првиот меч, кој треба да биде и клучен за нашиот пласман на трето последователно континентално првенство, ќе го одиграме на гости кај Грузија. Дуелот е закажан на 17 август во арената „Спорт Палас“ во Тбилиси со почеток во 16 часот по локално време. Судии на мечот ќе бидат Тудор Поп од Романија и Томас Бухар од Чешка.

Осум дена по оваа пресметка во Тбилиси следува уште еден важен меч и тоа против јужниот сосед. Во второто квалификациско коло ќе бидеме домаќини во Скопје против селекцијата на Грција, а натпреварот е закажан на 25 август од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“. Судии на оваа средба ќе бидат Ердал Акинчи од Турција и Константин Јовчев од Бугарија.

Нашата репрезентација со една победа го заврши годинашното учество во Европската Златана лига 2024, па се надеваме дека во августовските квалификации ќе ја покажеме вистинската сила на патот кон учество на уште едно ЕП.

ПретходноШампионот го претстави новото засилување на голманската позиција
СледноМартинез: Сакам да играм на Олимпијадата, ако треба ќе инсистирам кај Астон Вила