ФИА откри како ќе изгледаат Ф1 болидите во 2026 година (ФОТО)

189

Светската автомобилистичка федерација денеска покажа како ќе изгледа Формула 1 болидот во 2026 година.

Новиот болид освен променетиот изглед ќе има и некои технички промени.

Меѓуоскиното растојание на болидот ќе се намали од 3600 на 3400 mm, ширината од 2000 на 1900 mm, минималната тежина ќе се намали за 30 kg, надолната сила ќе се намали за 30 проценти, а влечењето за 55 проценти.

Ќе останат 18-инчните тркала претставени во 2022 година, но ширината на предните тркала ќе се намали за 25 mm, а на задните тркала за 30 mm.

Во 2026 година, DRS ќе биде заменет со нов активен аеродинамички систем со подвижни предни и задни крила, што ќе доведе до зголемена брзина во свиоците. Предното крило ќе стане потесно за 100 mm, а браниците на тркалата ќе исчезнат. Покрај тоа, болидите ќе работат на целосно „зелено“ гориво, како што беше претходно објавено.

ПретходноМартинез: Сакам да играм на Олимпијадата, ако треба ќе инсистирам кај Астон Вила
СледноФудбалерките до 15 години на развоен турнир во Подгорица