Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт отпиша уште две ѕвезди пред Европското првенство во Германија. По Џејмс Медисон, европскиот шампионат ќе го пропуштат дефанзивецот Хари Мегваер и играчот за врска Џек Грилиш.
Грилиш е отпишан поради преголема конкуренција на неговата позиција, а Мегваер е повреден. Саутгејт сега остана на 28 фудбалери и уште двајца ќе пречкрта во наредните денови.
Англија е во групата со Словенија, Данска и Србија.










