Зајков: Ги воочивме грешките против Хрватска, ќе пробаме да изгледаме подобро против Чешка

551

Македонија загуби убедливо во дуелот со Хрватска на првиот пријателски меч во јуни. Следува мечот со Чешка исто така пријателски, па нашите репрезентативци ќе се обидат да остават подобар впечаток. Јасно е дека против Хрватска одиграа многу слабо, а еден од репрезентативците Ѓоко Зајков верува дека ќе биде подобро против Чесите.
Го анализиравме натпреварот со Хрватска, ги воочивме грешките, имаме неколку дена за подготовка за мечот против Чешка и се надевам дека ќе влеземе со многу поголема самодоверба.
Ни треба поголем фокус во одредени ситуации, да бидеме сто проценти сконцентрирани на тактиката која што ќе ни ја даде селекторот и секој фудбалер да одработи максимално”, изјави Зајков.

Ние имаме проблем на клупско ниво, некои не играат, некои помалку некои повеќе. Затоа беа и овие подготовки. Ќе пробаме да изгледаме подобро на мечот со Чешка“, додаде македонскиот репрезентативец.

ПретходноСпалети го објави конечниот список на Италија за ЕП 2024
СледноШвјонтек против Паолини за титулата на Ролан Гарос