Спалети го објави конечниот список на Италија за ЕП 2024

537

Лучијано Спалети го објави конечниот список од 26 фудбалери на Италија за настап на ЕП 2024. Минатата недела Спалети повика 30 фудбалери во тренинг кампот, но поради повреди веднаш отпаднаа Франческо Ачерби и Џорџо Скалвини.
Дополнително беше повикан играчот на Јувентус, Федерико Гати кој се најде на конечниот список за Германија.
Отпаднаа голманот Иван Проведел поради тоа што не е во врвна форма. Крилото на Болоња, Рикардо Орсолини не импресионираше во ремито со Турција пред неколку денови, додека играчот од средниот ред Самуел Ричи беше алтернатива и за него нема место.
Италија е во групата Б со Шпанија, Хрватска и Албанија и ја брани европската титула.

Па тимот е:
Голмани: Донарума, Мерет, Викарио
Одбрана: Бастони, Беланова, Бонџорно, Калафиори, Камбијасо, Дармијан, Ди Лоренцо, Димарко, Гати, Мансини
Среден ред: Барела, Кристанте, Фаџоли, Фолоруншо, Фратези, Жоржињо, Пелегрини
Напад: Киеза, Ел Шарави, Распадори, Ретеги, Скамака, Закањи

ПретходноАнглија без Мегваер и Грилиш на ЕП 2024
СледноЗајков: Ги воочивме грешките против Хрватска, ќе пробаме да изгледаме подобро против Чешка