Навистина што се случува во Баерн Минхен? Прво сензација беше дека Винсент Компани ќе биде тренер на баварскиот гигант, а дозцна попладнево Флоријан Плетенбург, новинарот кој е близок до клубот објави дека Баерн ставил шестмина свои ѕвезди на трансфер – листа.
А тие се Кимих, Горецка, Гнабри, Де Лихт, Мазрауи и Коман. Ова значи дека Компани не смета на овие играчи за наредната сезона и дека кој сака, ако плати доволно, може да ги ангажира овие играчи.
Сепак, искрено веќе подолго време се говореше за дел од овие играчи, но секако дека ставањето на трансфер – листата на Кимих и Де Лихт е огромно изненадување за фановите на Баерн Минхен.